За нас

КМГ Спорт е многу повеќе стандардна маркетинг агенција. Нашата цел е да им помогнеме на клубовите, федерациите, поединечни спортисти и поединечни спортски настани да ја подигнат својата организација, промоција, однос со спонзорите (партнерите) и фановите на едно повисоко ниво. И сето тоа да биде покриено медиумски на највисоко ниво.

Во денешно време од големo значење e да се дојде до нови спонзори (покровители). Денес покровителите/спонзорите гледаат првенствено што e можно поконкретно и подиректно да добијат услуга од која ќе имаат бенифит за и поврат на вложените средства.

КМГ Спорт советува и дневно контактира со поголемиот дел на успешни компании кои се свесни колкава е важноста на општествено-одговорното однесување во заедницата во која делуваат.

Независно од тоа дали се работи за учество во хуманитарни акции или вложувања во спорт, Вашата иницијатива мора да биде правилно насочена. Во пакетот услуги спортски маркетинг, со ПР активности, КМГ Спорт нуди и советодавни услуги со креирање спонзорски пакети, како и директен контакт со потенцијалните покровители (спонзори).

Услуги:

Дигитална комуникација:

Развивање и реализација на стратегии за професионални спортисти, спортски клубови, спортски здруженија и спортски настани да бидат во контакт 24/7 со своите фанови по пат на социјални мрежи, веб страници, е-маил и организација на настани. Дозволете Вашите фанови подобро да ве запознаат!

Спонзорство и промоција:

Спортот има најширок облик на комуницирање без старосно ограничување. Секако дека спонзорирањето на спортот се поврзува и со медиумската присутност имајќи предвид присутноста на спортот во медиумите. Компаниите сакаат да се присутни во медиумите за нивна промоција и растот на продажбата. Тука сме да бидеме Ваша подршка!

Креативни online/offline промоции и настани:

Имате потреба од креативна промоција на Вашиот бренд. Можеме да помогнеме во online и offline промотивните настани. Размислуваме глобално, делуваме локално. Дајте ни шанса!

Содржина:

Креирање содржина (текст, дизајн на фото, видео и аудио најава) на Вашиот настан, спортски на натпревар и комникација со јавноста преку Facebook, Twitter, Instagram и LinkedIn. Информирајте ги Вашите фанови!

Односи со јавност:

За да изградите, развиете и зачувате квалитетни односи со целокупната јавност (навивачи, симпатизери, спонзори, натпреварувачи, медиуми..), неопходно е континуирано и квалитетно да се спроведува комуникација. Организирање на прес-конференциии, квалитетно и навремено пласирање информативни и промотивни вести, отворена комуникација, брза реакција на прашања од јавноста и медиумите (особено на социјалните мрежи) е само дел од активностите кои внатре во пакетот услуги ги нудиме на Вашето спортско друштво.

Нудиме советодавни услуги за инвестирање во спорт:
  • - Како да ја зголемите видливоста и перцепцијата со иновативен и динамичен начин на огласување,
  • - Дефинирање на простор, можност и видот на настанот,
  • - Изградба и одржавање на имиџот на клиентот и поврзување со саканиот спорт или спортскиот настан,
  • - Спонзорство и Огласување,
  • - Процена на инвестицијата или спонзорството,
  • - Евалуација на постоечките спонзорство.